Севилскиот бербер
Џоакино Росини
Национална опера и балет · Скопје
Опера · Балет · Симфониска музика
Пионерка меѓу жените диригенти во Македонија, со повеќе од две децении уметничка дејност во операта, балетот и симфониската музика.
Професионален профил наOperabase ↗
Зад диригентскиот пулт
Џоакино Росини
Национална опера и балет · Скопје
Национална опера и балет × „Танец“
Национална опера и балет · Скопје
Симфониски концерт
Центар за култура · Струга
Јохан Штраус Помладиот
Национална опера и балет · Скопје
Со сопранот Мина Глигориќ
Нишки симфониски оркестар · Ниш
Биографија
Бисера Чадловска е родена во Скопје. Во 2001 година дипломира оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Фимчо Муратовски. Постдипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршува на Државната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, во класата на маестро Пламен Ѓуров.
Професионалниот ангажман во Македонската опера и балет го започнува во 2002 година. По работата како хор-мајстор и асистент диригент, во 2005 година ја диригира својата прва премиера — „Таен брак“ од Чимароза, на фестивалот „Скопско лето“. Во 2006 година станува главен диригент, а од 2017 до 2020 година е уметнички раководител на Операта.
Нејзиниот репертоар опфаќа повеќе од 50 оперски и балетски дела, симфониски концерти, премиерни изведби и дела од македонски автори. Соработувала со оркестри и оперски куќи во Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Романија, а предава и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
„Секоја нова партитура е нов предизвик.“
Репертоар од над педесет дела
Верди · Пучини · Моцарт · Росини · Доницети · Бизе · Леонкавало · Маскањи · Бритн
Чајковски · Адам · Минкус · Римски-Корсаков · Глазунов · Пуњи · Гуно
Концертни и ораториски дела · Македонски автори · Современи дела · Премиерни изведби
Избор по композитори
Травијата · Набуко · Риголето · Моќта на судбината · Магбет · Аида
Турандот · Тоска · Мадам Батерфлај · Боеми
Волшебната флејта · Дон Џовани · Бастиен и Бастиена
Севилскиот бербер · Пепелашка · Италијанката во Алжир
Лучија ди Ламермур · Дон Пасквале · Рита
Кармен
Поширок репертоар
Паљачи · Кавалерија рустикана · Свртување на штрафот · Лилјакот · Веселата вдовица · Кралицата на чардашот · Џуџето · Старата мома и крадецот · Апотекарот · Таен брак · Орфеј и Евридика · Јованче и Марика
Лебедово езеро · Оревокршачка · Заспаната убавица · Жизел · Корсар · Есмералда · Шехерезада · Дон Кихот · Рајмонда · Валпургиска ноќ
Кармина Бурана · Чикаго · симфониски, едукативни и гала-концерти
Змејовата невеста · Денови на македонска музика · дела од македонски автори · современи премиери
Интервјуа
Литература.мк · Разговор со Бранка Костиќ-Марковиќ
Телма · 20 години уметничка дејност
Професионални ангажмани
За оперски, балетски и симфониски ангажмани, гостувања, интервјуа и други професионални соработки.